ШоуБиз

Lil Wayne повторно нападнал фотограф?!

Раперот Lil Wayne е повторно обвинет за напад. Alfredo Marino изјавил дека на 3-ти Мај го забележал раперот на еден скејтборд парк и му се доближил прашувајќи го дали може да го слика, бидејќи му е огромен фан.

Откако бил одбиен, дечкото се упатил кон својот автомобил и оттаму се обидел кришум да ја фотографира омилената ѕвезда. Во тој момент работите почнале да се влошуваат и Marino тврди дека Wayne и неговата банда почнале сериозно да му се закануваат.

–          Зарем не знаеш дека е доволен само еден збор и еден од овие е**чи веднаш ќе те из**е?

Фотографот тврди дека потоа бил удрен со скејтборд од позади, по што паднал на земја и ја раскрварил главата, добил потрес на мозокот и вртоглавица.

Во април, овој фотограф во Мајами го обвинил раперот за ист ваков напад.

Напиши коментар