Здраво тело

Лилјанот е цвет кој лечи многу болести

Многумина лилјанот го одгледуваат како билка која им го краси дворот и домот. Но, дали знаевте дека лилјанот е билка која е многу лековитa? Секој дел од лилјанот може да го употребите како лек. Од кромидката, до листовите и цветот.

Ако кромидката ја сварите во вода или млеко и потоа ја испасирате, ќе добиете совршен лек за чир. Ако цветот го сварите во масло на кратко, ќе добиете лек за рани, опекотини и исеченици.

Потопете ги цветовите во комова ракија и оставете ги да отстојат три дена. Ќе добиете лек кој е одличен за дезинфекција на раните.

Ако оваа смеса ја оставите на топло 10 дена ќе добиете лек за проширени вени.

 

Напиши коментар