Lindsay Lohan и порано тврдеше дека е чиста и дека нема повеќе да влегува во проблеми и неволји. Сега вели дека е свесна оти нејзините дела ќе мора да зборуваат за неа посилно од нејзините зборови.
– Сеуште морам да минувам низ процесот на докажување, – изјавила минатиов викенд за едно интервју во емисија во живо.
– Со снимањето на филмот морам постојано да сум на време, да бидам трезна и свесна… знаете… и сите придружни работи на тоа, – додава таа.
Lohan тврди дека сега е друга личност и дека ги отфрлила пијанчењето и лумпувањето од својот распоред.
– Тоа не е за мене повеќе. Излегов пред неколку месеци со еден пријател и не ми беше удобно. Не поради тоа што бев на искушение, туку бидејќи е исто како и секогаш; не ми е повеќе забавно. Се навикнав да седам по дома и тоа ми се допаѓа!
Да видиш, да не веруваш! Не сака маче рипче 🙂
