ШоуБиз

LiLo во помала сообраќајна несреќа!

Според извештајот на полицијата во Лос Анџелес, Lindsay Lohan случајно удрила друго возило со својот автомобил во средата, рано наутро.

–          Рано утрово Lindsay била паркирана на еден паркинг преполн со фотографи и во обидот што побрзо да избега, таа удрила друг автомобил. За среќа, возачот на другото возило изјави дека нема никакви повреди, ниту пак оштета на неговиот автомобил. Се работело за навистина незначаен удар, – пишувало во извештајот.

По изјавата на 26-годишниот менаџер, полицијата потврдила дека повредени нема и го затворила случајот.

Сепак, има извори кои тврдат дека менаџерот си најмил адвокат и планира да ја истера работата до крај. Од тимот на LiLo тврдат дека нема никакви проблеми и дека сѐ ќе се расчисти за неколку дена.

Напиши коментар