ШоуБиз

Лима донесе на свет уште едно девојче

Познатиот модел Андриана Лима и кошаркарот Марко Јариќ добија уште една ќерка.

Вчера Лима се породи и на Твитер ја објави веста дека се родило уште едно девојче кое се вика Сијена. Најсреќна за приновата била нивната две годишна ќерка Валентина.

Лима веќе има изјавено дека во оваа бременост и се случиле чудни промени, имала често пати силни напади на глад и жед. Често добивала желба да се напие пиво, а вообичаено не пиела. Но, за да ужива во неговата арома често пати јадела специјалитети кои се приготвуваат со пиво.

Напиши коментар