Убавина

Лимон за совршена убавина

Икористете ја моќта на лимонот до последната капка. Тој може да ви помогне во домашните третмани за убавина.

За бисерно бели заби

Измешајте една лажица лимонов сок со пола чаша вода. Со оваа течност четкајте ги забите и направете гаргара.

За блескава коса

Во половина литар вода исцедете еден лимон. По шампонирањето измијте се со оваа вода. Цитрусот е важен за сјајот на косата. Исто така лимонот одлично ја регулира pH вредноста на кожата на главата, па косата помалку ќе ви се масти.

Против првут и опаѓање на косата

Сокот од лимон измешајте го во пет лажици кокосово масло. Со оваа смеса убаво истријте го коренот на косата, и оставете нека делува 10 минути. На овој начин ќе го спречите паѓањето на косата. Доколку имате првут тогаш измешајте една белка со сок од половина ломон. Нанесете ја маската на лицето и оставете 15 минути.

За убав тен

Активните ензими кои ги има лимонот ќе допринесат за убава кожа. Направете пире од банана и во него ставете сок од половина лимон. Оваа маска ставајте ја на лицето еднаш седмично и ефектите ќе ги почувствувате веднаш.

Напиши коментар