Убавина

Лимонот – идеално средство за многу убавина !!!

Лимонот е незаменливо средство за убавина, затоа што содржи многу витамини, а неговата киселина е вистински еликсир за кожата. Доколку имате проблеми со косата, кожата или Вашите нокти се лесно кршливи, Ви советуваме да ги направите следниве козметички третмани:

– Доколку кожата на Вашето лице е масна, намачкајте ја со лимон, особено на најмасните делови и оставете ја да се исуши.

– За сува кожа, направете лосион од лимонов сок, помешан со 50 грама вода од роза. Употребувајте го наутро и навечер.

– Од половина лимон, направете сок, со кој ќе ја исплакнете косата, после миењето. Ако постапката ја повторувате редовно, Вашата коса ќе биде помека и посјајна.

– Лимонот е идеален за осветлување на косата, за нијанса или две. За сето тоа, потребно е на косата да исцедите лимон, да го оставите десеттина минути да делува, а потоа исплакнете го со млака вода.

– Лимонот ќе го отрстрани вишокот маснотии на косата, ако секоја вечер пред спиење, коренот на косата го масирате со неразблажен лимонов сок.

– Ноктите ви се кршливи ? Потопете ги на десеттина минути во лимонов сок,  десет вечери последователно.

Пробајте, ќе ни бидете благодарни !!!

Напиши коментар