Art & Crafts

Лимонот – тајно оружје на домаќинките

Чистењето на куќата е секогаш неблагодарна работа. Олеснете си го чистењето  користејќи лимон

Мирисот на лимон повеќето луѓе ги потсетува на чистота и е неверојатно освежувачки. Производителите често го користат овој агрум во средствата за чистење на домот, но и обичниот лимон може да се користи за таа намена. Лимонот има антибактериско и антисептичко дејство па затоа е извонредно средство за чистење. Ви претставуваме десет причини зошто овој производ е тајно оружје на секоја домаќинка.

1. Отстранување  дамки

Најдобар начин за чистење на даските и другите работни површини се прави со половина лимон. За отстранување на тврдокорни дамки, користете и сол. Дамките на работните површини ќе ги отстраните така што на нив ќе ставете  лимонов сок  некојку минути да отстои. Потоа истријте ја дамката, а притоа можете да додадете и сода бикарбона.

2. Ги освежува одводите

За да го освежите мијалникот, истурете во одводот топла вода со лимонов сок.

3. Отстранување маснотии

Лимонот содржи лимонова киселина која одлично ги отстранува маснотиите. Додадете лимонов сок  во средството за рачно миење на садовите. Во колку користете машина за миење садови, измешaте лажица лимонов сок со детергентот.

4. Го чисти дрвениот мебел

Лакираниот мебел можете да го чистете со лимонов сок. Додадете неколку капки лимонво топла вода. Наквасете и добро истискајте памучна крпа и избришете го мебелот. За да го исчистете мебелот кој не е лакиран, измешајте две лажички маслинов зејтин и лимонов сок. Нанесете на мека памучна крпа и внимавајте смесата рамномерно да ја нанесете.

5. Чисти бакарни тепсии и плехови

Лимонот природно го дезинфицира бакарот и лимот. Направете смеса од лимонов сок и сол и тријте по бакарната површина. Користете груба крпа или исечете на половина еден лимон и тријте со него по металната површината. Исушете и избришете.

6. Отстранување на непријатните мириси

Кога подготвувате храна како што е риба, употребувате  кромид,  лук  или хемикалии, на рацете остануваат непријатни мириси. Искористете  лимонов сок за да ги исчистете рацете и бидејќи тој ја негува кожата рацете стануваат меки и мазни. Ставете во микробранова печка сад со лимонов сок за да  ги отстранете непријатните мириси.

7. Го чисти стаклото

Оцетот е добар чистач на стакло и прозорци, но многумина не го поднесуваат неговиот мирис. За да го неутрализирате мирисот, измешајте лимонов сок со оцет. И без оцет, самиот лимонов сок добро го чисти стаклото. Истријте ги стаклените чаши со половина лимон или потопете ги во лимонов сок и вода. На тој начин ќе го вратете сјајот  на чашите, чајниците или вазните.

8. Ја отстранува  рѓата

Ставете сол на местата  зафатени со рѓа и нанесете малку лимонов сок, но не премногу за да не се разлее солта. Смесата треба да стои на тоа место. Оставете да стои неколку саати и потоа истругајте го местото со метална четка.

9. Обелува

Лимоновиот сок делува како природен обелувач  на алиштата и ткаенините. Нанесете лимонов сок на алиштата, чаршавите и чаршавите за маса и оставете ги да се исушат на сонце.

10. Го освежува просторот

Сад со лимон во домот му дава на просторот освежувачки мирис. Лимоните можат да стојат  до две недели на ладна собна температура.

Напиши коментар