ШоуБиз

Linda Evangelista му го најде крајот на милијардерот :)

Linda Evangelista конечно се спогодила во врска со алиментацијата со моменталниот сопруг на Selma Hayek.

Linda (46) и Francois Henri Pinault (49) имаа кратка афера од која се роди нивниот заеднички син Augustin. Во меѓувреме, Pinault со актерката Selma ја доби ќерката Valentina, а Evangelista го тужела со цел да добие алиментација.

Манекенката на суд тврдела дека за издржување на детето ѝ требаат 46.000 долари месечно. Со тие пари таа би го платила школувањето на детето, дадилката која е со него 24 часа на ден и обезбедувањето.

За време на судењето биле изнесени не многу позитивни детаљи за односот на Francois кон синот. Милијардерот изјавил дека инсиситирал Linda да абортира и дека на детето му праќал подароци за роденден, но дека не може да се сети на ниту еден.

По завршувањето на судењето, Linda изјавила дека е задоволна од пресудата, но сумата која ќе ја добива засега останува тајна.

Напиши коментар