ШоуБиз

Lindsay Lohan со црвена коса!?

Lindsay Lohan решила да направи мала промена на себе и по неколку години како русокоса, 25-годишната актерка си ја бојадисала косата во црвена боја. Конечно се врати на своите стари корени и сега е старата добра Lohan.

Една од можните причини за оваа промена е нејзината загрежност дека почнала да го губи својот идентитет. Таа вложува многу во ова враќање на сцената, а особено со улогата на Elizabeth Taylor која треба да ја отелотвори.

Од сликата се гледа дека Lohan навистина се потрудила да изгледа природно, а обрнала внимание и на својата облека и стил. Дали ова значи дека дивата Lohan конечно се враќа на правиот пат, е тоа допрва ќе видиме.

Напиши коментар