ШоуБиз

Линдзи Лохан избезумена во својот дом!

Линдзи Лохан повеќе нема да живее во Лос Анџелес бидејќи нејзиниот дом таму бил нападнат од неопознат човек. Близок извор на ЛиЛо изјавил дека конечната одлука да се пресели се должела на тоа што престапникот се осмелил да чукне на вратата на Лохан.

–          Нејзината куќа е подостапна за влез отколку Старбакс. Постојано има луѓе кои седат во нејзиниот двор со камери. Сепак, последниот инцидент ја прелил чашата и Лохан се сели во Њујорк.

Додека агентите за недвижности ѝ најдат соодветно место, таа ќе престојува во еден хотел во Западен Холивуд. Според некои шпекулации, натрапникот е 64-годишниот Лони Шорт, инаку пријател на Дејвид Кокордан кој своевремено ја следеше Лохан и си имаше проблеми со полицијата поради тоа.

Напиши коментар