Мојата кујна

Линзери во облик на срце

Вкусни колачиња полнети со мармалад, за сите заљубени…

Велат…љубовта доаѓа преку желудникот…Овие вкусни и меки колачиња на база на путер и мармалад се вистински доказ за тоа. Послужете ги со љубов, со топол чај, кафе или какао и уживајте во нивниот вкус…секако, заедно со Вашата друга половина.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 жолки

250 грама брашно

70 грама шеќер

Свежо нарендана кора од лимон и портокал

130 грама ладен путер

По потреба, 2-3 лажици ладна вода

300 грама мармалад од брусница

Шеќер во прав

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Замесете тесто од брашното, шеќерот, путерот и наренданата кора од лимон и портокал. Добро мешајте, а по потреба додавајте малку ладна вода. Обликувајте го во вид на топка или крукче и замотајте го во безбојна фолија, па оставете го во фрижидер 30 минути.

Се загрева рерната на температура од 160 C. Во меѓувреме, тестото се развлекува и од него се сечат мали брановидни правоаголници со димензии 3×5 сантиметри. Во средината од секој правоаголник, со нож, направете мало срце. Другата варијанта е место правоаголници, со калапи во форма на срце, да формирате срцевидни фигури и во нивната внатрешност, повторно со нож да направите мало срце.

Садот за печење обложете го со хартија. Ставете ги прво полнетите колачиња, а потоа и празните. Печете ги 10на минути ( пазете да не ги препечете). Готовите колачиња оставете ги да се оладат, а потоа полнете ги со загреаниот мармалад кој ќе ја формира срцевата празнина со прекрасно црвено срценце. За крај, насипајте ги со шеќер во прав.

Уживајте во празникот на љубовта и заедно споделете го вкусот на најубавите крцкави колачи!

Напиши коментар