Тоа што неговиот најнов албум моментално се наоѓа на второ место на американската топ листа не е единствената причина поради која што пејачот Lionel Richie треба да слави.
Погледнете ја само сликата на лево каде Lionel е сликан во далечната 1986 година, кога имал само 36 години и добил Оскар за најдобра песна. Втората слика е направена цели 26 години подоцна, односно во 2012 година. Пејачот сега има 62 години и е сликан пред една недела за време на неговиот концерт во Лас Вегас.
Што мислите вие? На што се должи забавеното стареење кај Richie? Можеби добрите гени, а можеби сето ова е масло на одличниот докторски тим кој стои позади него.
