Здраво тело

Липа за чиста крв и мирна глава

Липата е дрво кое достигнува висина и до 25-30 метри. Во периодот кога цвета испушта мирис кој смирува и релаксира. Освен тоа што ќе ви пружи уживање, липата има и низа на здравствени предности.

За да го подготвите лекот од липа, треба да ги соберете цветовите од липата додека не ја променат бојата и не овенат. Сушете ги на темно место. Така подготвени може да ги употребувате и да ви дадат ефект.

Чајот од липа се препорачува на лицата кои живеат напорен и стресен живот. Овој чај смирува, се бори со несоницата.

Се препорачува и за прочистување на крвта, за намалување на болките, за намалување на кашлањето, за намалување на температурата…

Само бидете внимателни кога го подготвувате чајот. Не претерувајте со чајот. Доколку го пиете во големи количини или го правите премногу јак може да предизвика отежнување на работата на срцето.

 

Напиши коментар