Нема дете што не сака играчки. Истите, му се потребни за правилно да се развие…
Денес постои голем избор на играчки, меѓутоа, психолозите советуваат дека повеќето се непотребни и премногу скапи. Постојат многу подобри „ старински “ реквизити, кои позитивно влијаат на најмладите, отколку современите модели на автомобили, кукли, роботи… Стручњаците објавија листа на играчки за сите времиња, кои би требало да ги поседува секое дете, а не претставуваат „ удар “ за домашниот буџет…
1. Картонски кутии – Ги има во секое домаќинство, во различни облици и бои. Малечките ги сакаат… Ги асоцираат на фантазија и креативност и со нив можат да си играат на повеќе начини. Дури и малите деца од нив брзо и лесно можат да направат украсни кутии, одело за роботот, брод , куќичка, кревет за кукла, автомобил…
2.Дрвено стапче – Оваа бесплатна играчка магично ги привлекува децата, бидејќи за децата не е само стап… За нив може да биде и волшебно стапче, меч, кралско железо, микрофон, трска за риболов…можностите се бескрајни…
3.Коцки – Без разлика дали станува збор за „ лего “ или обични, коцките се во состојба да го привлечат вниманието на малите, со часови… Се чини дека не можат да им станат здодевни, а со нив можат подеднакво да си играат и поголемите и помалите деца.
4.Пластелин – Еден од најомилените детски реквизити кој никогаш не излегува од мода. Оваа еластична маса ја развива моториката и фантазијата кај децата како и љубовта спрема уметноста. Различните бои на пластелин, на детето му овозможуваат да ги оствари неговите замисли и да ги претвори во сéи сешто… животно, цвет, мама и тато…
5.Змеј – Ако денот е сончев, убав и ветровит, пуштете ги децата надвор да си играат со змеј. Секако, да се подигне змејот од земја и да се задржи во воздухот не е едноставно. На децата ќе им биде потребна и Вашата помош за да ја совладаат техниката. Сепак, нема ништо поубаво од игри на чист воздух и чувството змејот да се крене високо, до небото…
6.Кликери – Сé помалку деца си играат со кликери. А, тие се доста важни, бидејќи ги поттикнуваат на размислување и координација на движењата. Сепак, се препорачуваат само за деца постари од три години, бидејќи помалите можат да ги ставаат во уста, што може да биде опасно…
7.Табла „ пиши – бриши “ – Ако детето сеуште ја нема совладано техниката на цртање и пишување, вистинско решение е магнетната, односно „пиши – бриши “ табла, по која се црта со специјален молив. Оваа универзална играчка ја сакаат сите мали, особено дечињата кои ги учат првите букви. Магичната табла може да им го привлече вниманието и за време на подолгите патувања.
