Овој прекрасен фустан е дел од есенската колекција на Proenza Schouler за 2011 година, а колекцијата ви ја представивме уште есента. Ајде сега да видиме што мислите вие, која од нив го направила вистинскиот избор според формата на своето тело, според бојата на косата и со какви аксесоари го искомбинирала? Сето тоа треба да го земеме во предвид нели? Едно златно правило во модата гласи вака – „Не е неопходно да даваш многу пари, за да имаш стил и да те нарекуваат модерна, поважното е да умееш да правиш комбинации од она што веќе го имаш и да се чуствуваш добро во тоа што го носиш!“





