Љубовта расте со годините. И бара нови хоризонти за изјава. Ги надминува стихиите на секојдневието, во добро и лошо, во радост и тага, секогаш заедно. И таму некаде, без причина се наметнува љубомората. Љубомората фатена за рака со лудостта.
Љубов и љубомора. Како црна дупка во човечките односи. Љубов што ги надминала границите на емоционалноста, љубов полудена. Љубов нескротлива, љубов што танцува со страстта и лудостта. Љубов предадена на љубомората.
Љубов, опседната од желбата да поседуваш. Чувство кое ги погубува елементарните животни процеси. Чуство што носи отров и ги труе душата и телото.
Љубомора. Чувство кое разградува, кое акумулира негативни емоции во човечката свест и фантазија. Сомнеж кој го раскинува нормалното секојдневие. Поцрнети мисли, предавство на испиената логика. Неограничена сентименталност , која се продала без цена на лудостта.
Љубомора и љубов. Проколнат круг на разрушителната безкрајност. Трпение и крајност. Љубов и солзи. Продадена љубов.
Желба за поседување – тоа го нарекуваат љубов. Едното и другото се неспоиви, крајно различни. Тука се раѓа и душевната драма. Безкраен круг на бездушна еуфорија. На краткотрајна радост, на секојдневна болка. Љубомора. Страсна љубов. Желба за поседување. Неповратно изгубен душевен мир.
Ако сакате здраво семејство не дозволувајте љубомората да се вгнезди во вашите животи, бидејќи ден по ден подмолно ќе ги урне сите темели и ќе ја закопа и најсилната љубов.
