Мојата кујна

Љубовна торта

Потребни состојки за тесто:

  • 2 чаши јогурт
  • 2 чаши шеќер
  • 2 лажици какао
  • 2 чаши брашно
  • 2 лажици сода бикарбона
  • половина чаша масло

за прелив:

  • 10 лажици шеќер
  • 100гр путер
  • 10 лажици млеко
  • 100гр чоколадо за готвење

Начин на подготовка:

Истурете го брашното во поголем сад и додадете сода бикарбона и какао. Додадете шеќер и помешајте. Постепено истурете го јогуртот и мешајте. Матете ја смесата додека не се згусне.

Подмачкајте го плехот со масло или путер и посипете го со брашно. Истурете ја подготвената смеса во подмачканиот плех и печете 40 минути на 220 степени.

Растопете го чоколадо на пареа, а потоа додадете путер, млеко и шеќер.  Бидејќи колачот е печен, оставете го да се излади, исечете ги краевите за да добиете форма на срце и прелијте со чоколаден прелив. Добар апетит!

Напиши коментар