ШоуБиз

Лошата Kate Moss – повредила 4 луѓе :)

Една огромна реклама на „Mango“ на која се наоѓала Kate Moss, случајно паднала на четворица пешаци во еден од најпрометните лондонски трговски центри.

Три жени и еден човек, кој ја имале таа несреќа во тој момент да поминуваат покрај билбордот, биле повредени и веднаш испратени во болница.

Еден од повредените имал посериозна повреда на грбот. Еден случаен минувач ја поставил оваа слика на Твитер на која се гледаат пет луѓе кои истрчале да го кренат билбордот.

За кратко време на местото на несреќата биле присутни околу 40 пожарникари, а не задоцнила ни итната помош. Замислете како би ви било да ве поклопи 6-метарска Kate Moss!

Напиши коментар