Научниците дојдоа до заклучок дека лошите пријателства можат да му наштетат на вашето здравје и дека доведуваат до воспалителни процеси во телото, кои подоцна можат да предизвикаат опасни болести, од рак до срцеви проблеми.
Старата поговорка вели „ Чувајте ги пријателите близу, но непријателите уште поблизу“. Сепак, заборавете го овој совет. Истражувањата покажуваат дека негативните социјални интеракции можат да му наштетат на здравјето.
Во истражувањето направено помеѓу 122 здрави луѓе, оние кои за време на стресен момент биле опкружени со лоши пријатели, имале зголемена концентрација на „лоши“ протеини кои предизвикуваат висок крвен притисок, срцеви болести, карцином и депресија. Научниците сметаат дека таквата реакција на телото на лоши пријатели е дел од еволуцијата за механизмот за преживување.