Керозин

Lotus Evora 414E Hybrid

Lotus Evora 414E е plug-in хибриден концептуален автомобил со 1.2-литарски inline-3 мотор и електрични мотори исти како оние што се користат во зелената лимузина Јагуар XJ и Proton, концепти кои можат да се видат на штандот на Giugiaro. Ентериерот е паметно осмислен и единствената разлика помеѓу овој модел и стандардниот Evora е тоа што на задниот простор е зафатен со батериите, но Lotus сето тоа го има паметно осмислено и автомобилот е само 100 килограми потежок, односно тежи 1450 килограми.

Исто така, се карактеризира со HALOsonic синтетички звучен систем, развој на Lotus Anti-Noise Cancellation технологијата. Lotus предвидува емисија на само 55 г / км CO2, за автомобил кој ќе постигне брзина од 100 км/ч за помалку од 4 секунди.

Write A Comment