ШоуБиз

Лудите LMFAO :)

Групата LMFAO премиерно ги прикажа музичкото видео за нивната песна „Sorry for Party Rocking“. Редфу и СкајБлу во видеото прават журка со прилично гласна музика, а тоа ги разлутува нивните соседи. Подоцна на забавата им се придружуваат и неколку нивни пријатели.

–          Во музиката не постојат правила. Не е важно дали си богат или сиромашен. Секој може да се забавува и тоа е универзален термин. Кој не сака да биде дел од забава на која има секси и опуштени луѓе? – биле зборовите на Редфу, кога го запрашале што има да каже за најновиот спот.

Песната е дел од вториот студиски албум на LMFAO, а за режијата е задолжен Мајки Финеган. Погледнете ги уште еднаш овие откачени и оригинални дечки:

http://www.youtube.com/watch?v=2GCLi7icv8w

Напиши коментар