Убавина

Лукот ја “пегла” кожата

Иако редовно вежбате и се трудите да изгледате убаво, сепак целулитот кој се таложи на задникот и нозете не ви го дозволува тоа.

Ако цврсто сте се решиле да го тргнете целулитот од вашето тело треба да внимавате најмногу на исхраната. Кофеинот и никотинот од цигарите се основните причинители за целулитот.

Треба да јадете храна која е богата со витамин Ц. Освен тоа лукот е оној кој може најмногу да ви помогне. Состојките кои лукот ги поседува се одлични за топење на најтврдокорниот целулит. Исто така тој е моќен заштитник на кожата од појава на брчки. Доколку не може да го поднесете неговиот мирис или пак условите не ви дозволуваат да го внесувате секојдневно, тогаш набавтете си апчиња од лук.

 

Напиши коментар