Sweet Home

Луксузен дом на тркала

Следниве неколку фотографии нудат бегство од монотонијата…

Станува збор за фирмата Marchi Mobile која од обична идеа да изгради луксузна куќа на тркала дојде до вистинско футуристичко остварување, кое го нарече  Palazzo.

Внатрешноста е уредена на софистициран начин, во ентериерот не владеат никакви правила а крајниот продукт е повеќедимензионални соби со модерни елементи со урбан концепт. На палетата на бои доминира белата, во сите свои раскошни нијанси, а квалитетното дрво и уникатниот мебел се дополнителен „украс“ на чистата и едноставна површина. Амбиенталните светла, минималистичкиот декор и повеќето видови на прозорци ја завршуваат целата приказна која дава чувство на галактика.

Годишно се произведуваат пет вакви куќи на тркала, а нивната цена изнесува околу три милиони долари.

Напиши коментар