Sweet Home

Луксузен дом – пустинска оаза …

Колку и да звучи неверојатно, дизајнерите од тимот на Studio Aiko, на мистериозен и гламурозен начин ја остварија идејата за луксузна вила, среде пустина. Глорификацијата не само што е претставена преку ултра модерниот стил искажан преку бисерната боја, туку и самиот уникатен екстериер кој ја доведува до прашање реалноста на овој дом. Изгледа навистина нереално, уникатно, брилијантно.

Внатрешноста е толку софистицирана и толку модерна, што ќе Ве натера да не го напуштите ова место, што се поклопува и со самата идеја. Монотоноста ја нарушува токму амбиенталното сценарио, постигнато преку уникатно вградените елементи, големите прозорци и самиот облик на вилата.

Да резумираме : Секојдневието може да биде иницирано и резултирано од самата средина. Доколку не сте зависник од децибели, метежи и „ социјални случувања “, размислете околу оваа идеја !!!

Напиши коментар