Луксузно дизајнираниот тоалет не само што ќе го направи Вашиот простор за интимност и релаксација поблагороден, туку ќе има и големо визуелно влијание…
Dune е елитната компанија која дизајнира луксузен ентериер. Една од нив е креацијата на тоалет во класичен стил и плочки со златна боја. Овие елегантни плочки со сјаен мат- ефект и спирален цветен принт со високи уметнички вредности, го прават тоалетот да изгледа како вистински рај за опуштање, кој никого не остава рамнодушен.
Златната боја е идеална за комбинирање со црната или некоја друга потемна нијанса, бидејќи така ќе се создаде контраст кој идеално се вклопува и делува навистина гламурозно. Луѓето кои имаат високи уметнички вредности, гледаат особена убавина во дизајнот со класични мотиви, мазни ѕидови и контраст од бои, каде што е можно убаво да се забележи секој детаљ.