Sweet Home

Луксузна гаража – посебна пасија на љубителите на автомобили !!!

Некои луѓе, уживаат во уредувањето на секое катче од нивниот дом…

Некои, уживаат во нивниот автомобил и едноставно, сакаат да му овозможат секакви третмани… кои чинат многу !!!

Има и такви што, своите автомобили би ги паркирале во херметички затворени простории, во кои би можеле да ја контролираат температурата и влажноста… Сепак, постои и врв, во цела оваа „ приказна “…

Истата, ќе Ви ја долови оваа луксузна гаража опкружена со стаклени ѕидови, туку и дневен престој, во кој сопственикот го чува своето сребрено Maserati Coupe.

Овој сон од простор, е создаден од страна на архитектот Brunete Fraccaroli. Автомобилот е во центарот на вниманието во дневната соба која е дизајнирана за младиот човек, кој сака својата страст да ја сподели со остатокот од светот. Покрај автомобилот, просторот од 120 метри квадратни има функција на друштвен простор, простор за ручање, функција на домашно кино и канцелариски простор.

Write A Comment