Дестинации

Луксузниот хотел Raas во Индија

Прекрасниот хотел се наоѓа во градотJodhpur во Индија и е оценет како најдобар, за минатата 2011 година. Се наоѓа во прекрасен дел на светата земја, позната по своите зачини, мириси и разнобојни облеки. Зградата е единствениот хотел- бутик во луксузен стил во подножјето на тврдината од 17 век која има богата историја.Креатор на овој елегантен хотел е архитектот Лотус Пракис.

Хотелот е микс од повеќе стилови и дава впечаток како да постои од времето на настанокот на овој град. Хармонијата не владее само во архитектурата. Таа е видлива и во дизајнот на собата, двата спа ресторани…Хотелот содржи 32 пространи соби и 7 апартмани со ексклузивни спални. Топлата и пријателска атмосфера во хотелот привлекува многу туристи, дури и аџии, кои се враќаат повторно. Зошто и Вие да не се уверите за овој факт ?

 

Напиши коментар