Дестинации

Luminarie Cagna – светлечката катердрала

Второто издание на фестивалот Ghent Light Festival, се одржа во Белгија, во времетраење од четири дена ( 26-29 Јануари, 2012 година). На истиот беа прикажани неколку интересни проекти а главни теми оваа година беа среќата и музиката, прикажани во повеќе од 30 уникатни изложби. Сепак, сите очи беа вперени во настанот најавен како гигантна инсталација во облик на катедрала, направена во не помалку од 55 000 LED светилки.

Според официјалната веб – страница на фестивалот, гигантната колонада, изработена од дрво и 55 000 светилки, во стотици илјади бои, била изработена во духот на Романската архитектура и онаа специфична за времето на Ренесансата. Инаку, висината на влезот изнесува 28 метри, а чувството додека се движите кон внатрешноста е како она од бајките, само што се опкружени со многу, многу повеќе светилки. Интересни се и фактите за потрошувачката за електричната енергија. Верувале или не, ова уметничко дело троши 20Kwatt / h електрична енергија.

Погледнете ги сликите и внесете се за момент во внатрешноста…

Напиши коментар