Prison brake

Мачу Пикчу, Перу

10-те најубави места во светот

Светиот град на Инките кој се наоѓа на надморска висина од 2350 метри на Андите. Иако, веројатно е изграден околу 1300 година, останал скриен до 1911 година. Мистеријата е како успеале да го изградат со оглед  на тоа дека е познато дека Инките незнаеле ниту за тркало, ниту за железни орудија.

Инките започнале да го градат во 1300 година, но бил напуштен во официјална смисла од страна на владетелите на Инките еден век покасно. Иако градот и локалитетот биле познати за локалното население, тој не бил познат за остатокот од светот. Вниманието на светската јавност било фокусирани кон локалитетот во 1911 година кога американскиот историчар Хирман Бигман го претставил Мачу Пикчу на светот. Од тогаш, Мачу Пикчу е важна туристичка атракција.

Самиот град е сведок на големината на поранешната иммперија, а се смета дека бил напуштен пред доаѓањето на Шпанците, а според една тероија, жителите ги покосил сифилис кој стигнал од Европа.

Во 2007 година ова место е прогласено за едно од 7-те светски чуда, а од 1983 година е на листата на УНЕСКО за светско културно наследство.

Write A Comment