Кралицата на поп музиката Мадона на интернет поставила клип од снимањето на нејзиниот нов албум.
„MDNA“ ќе биде 12-ти по ред студиски албум на Мадона, а засега е потврдено дека на него ќе гостуваат МИА, како и продуцентите Вилијам Орбит и Мартин Солвејг.
– Се очекува повеќе акција и енергија. Со Орбит имам соработувано на албумот „Ray of Light“ во 90-тите години од минатиот век, и тој секогаш знае да го погоди точно тоа што би ми се допаднало, – изјавила Мадона.
Новиот албум се очекува да биде пуштен во продажба кон крајот на оваа година.
А, еве го и тизерот од снимањето во студио заедно со Мадона:
http://www.youtube.com/watch?v=npzcezjGMTg&feature=player_embedded