ШоуБиз

Мадона ниту еднаш си нема направено ручек!

Една од најпознатите жени во шоу бизнисот, Мадона призна дека во животот никогаш не зготвила ниту еден оброк. 53-годишната кралица на поп музиката вели дека не памети некогаш да застанала над жежок шпорет со запрегнати ракави, иако нејзината 15-годишна ќерка Лурдес редовно готви.

Мадона признава и дека 6-годишниот син Дејвид исто така помага низ кујната, но дека таа едноставно е алергична на тој простор. Вели дека прави сè останато во домот, па не мора и тоа. Освен ова признание, широко познато е дека Мадона има чуден режим на исхрана. Таа никогаш не конзумира алкохол и кофеин, туку пие по 3 литри вода на ден.

Во нејзиниот дом е забрането јадење благи работи и шеќери, а Мадона не јаде ни млечни производи, зачини и преработена храна.

Напиши коментар