ШоуБиз

Madonna добила предлог за брак! Ај честито :)

Кралицата на поп музиката можеби по трет пат ќе застане на лудиот камен…, а можеби и нема. Играчот Brahim Zaibat (24) ја запросил Madonna (53) по само неколку месеци врска. Спортистот кој е двојно помлад од пејачката го поставил клучното прашање во еден кабалистички центар, каде двајцата заедно оделе на верски служби.

–          Беше шокирана, но и радосна и му рече дека и треба уште малку време за да размисли, – изјавил извор близок на пејачката.

Madonna досега била два пати во брак и тоа со актерот Sean Penn, а потоа со британскиот режисер Guy Ritchie со кој има еден син и две посвоени деца. Од врската со поранешниот личен тренер ја има и ќерката Lourdes.

По разводот од Ritchie во 2008 година, Madonna фамозно изјави дека повеќе би сакала да ја прегази воз, отколку повторно да се омажи.

Напиши коментар