ШоуБиз

Madonna интензивно вежба за турнејата!

Кралицата на поп музиката Madonna започна со подготовките за претстојната светска турнеја. Освен секојдневното вежбање, таа своето тело го одржува и вежбајќи ги кореографиите со танчерите, а истовремено работи и на пеењето. Првата проба ја направила на 1-ви Мај и од тогаш секој ден поминува саати обидувајќи се да го доведе својот настап до перфекција.

Американските таблоиди пишуваат дека ова најверојатно ќе биде најдобрата турнеја на Madonna, а се шпекулира дека е можно да биде и последната на поп кралицата. Во склоп на турнејата со наслов „MDNA“, пејачката ќе настапи во Европа, Азија и Америка, а засега се закажани неверојатни 83 концерти. Првиот ќе биде одржан во Тел Авив на 31-ви Мај.

Погледнете како се одвиваат подготовките:

Напиши коментар