Сите се сеќеваме на фамозниот бакнеж помеѓу Madonna и Britney Spears на доделувањето на MTV наградите пред девет години. Тој бакнеж влезе во историјата, а како што моментално стојат работите, наскоро може да очекуваме и реприза…
Пред неколку дена се појави видео на кое Madonna се бакнува со раперката Nicki Minaj, а сега со своите дела кралицата на поп музиката нѐ враќа во минатото и најавува интересни случувања. Еве што напишала на Твитер:
– Те молам дојди на сцена и бакни ме уште еднаш! Ми недостигаш!
Набрзо Britney ѝ одговорила:
– Во искушение сум!
Со оглед на тоа дека Britney не можела со сигурност да потврди на Твитер дали ќе ја следи Madonna на турнејата, Madonna во разговорот ја вмешала и Katy Perry:
– Сакам да те видам во прв ред на мојот концерт. Јасно?
