ШоуБиз

Madonna се испотепала на проба!

Madonna најверојатно вежба многу напорно за претстојната турнеја која ја очекува. За тоа имаме и доказ. Пејачката решила да ги информира своите фанови дека додека вежбала се повредила, а за да го потврди ова, таа постирала слики со повредите.

–          Модринки на моите нозе од вежбањето, – напишила на официјалната Фејсбук страна, а потоа додала дека си ја пукнала и устата при подготовките за најновата песна „Girl Gone Wild“.

Турнејата на Madonna започнува на 29-ти Мај во Тел Авив, Израел, а целта е промоција на најновиот албум со наслов „MDNA“. Албумот се очекува да излезе во Америка на 26-ти Март, а секој ден се очекува да излезе и видеото за гореспоменатата песна.

 

Напиши коментар