ШоуБиз

Madonna вооружена до заби на сцена :)

Madonna предизвикала доста контроверзности откако за време на подготовките за престојната MDNA турнеја е фотографирана со пиштол во рака.

Пејачката моментално се подготвува за почеток на турнејата, а првиот кoнцерт ќе се одржи утре во Тел Авив, Израел. Обожавателите ја сликале Madonna додека имала проба на стадионот „Ramat Gan“, и таа во еден момент извлекла пиштол и нишанела кон публиката. Нејзините танчерки на сцена, исто така носат митралези и пушки.

Во 2008 година, пејачката се најде на мета на многу организации кои се борат против насилство, бидејќи носела чевли „Channel“ чии пети биле во облик на пиштол.

Инаку, целата турнеја на кралицата на поп музиката е контроверзна од причина што неодамна се појави снимка од една проба, каде Madonna пее микс од својата песна „Express Yourself“ и „Born This Way“ на Lady Gaga. Критичарите сметаат дека таа се обидува да ја омаловажи Gaga.

Напиши коментар