Дестинации

Мадрид…Возбудливата престолнина на Шпанија !!!

Кралскиот град остава специфичен впечаток на сите свои посетители…

Мадрид, главниот град на Шпанија е важен културен центар на Европа и место во кое живеат преку три милиони луѓе. Покрај големиот број административни згради, во него се наоѓа и куќата на кралското семејство.

Мадрид е културен, банкарски и индустриски центар на државата. Главната улица, Gran Via, има и големо комерцијално значење.  Зачудувачките галерии, неуморниот ноќен живот, неверојатно живата музичка сцена, баровите и рестораните се само дел од волшебната агенда на Мадрид.

Некогаш најголемата знаменитост на Мадрид, била резервирана за најиздржливите, а станува збор за една од најкрвавите уметности-  борбата со бикови, или на шпански, „corrida de torros“. За шпанците, борбата со бикови не е спорт, туку уметност. Нигде на светот, борбите со бикови не се толку добри, како во Мадрид, во арената Las Ventas.

Најубава зграда е Кралската палата, шпанската резиденција со повеќе од 100 соби, кои можете да ги посетите. Изгледа грандиозно, и надворешно и внатрешно, а ако се одлучите за туристичка посета ќе имате прилика да ги видите прекрасните слики кои ги красат нејзините ѕидови и оружјето, достојно за кралевите. Најголем впечаток остава собата со престолот, од времето на кралот Карлос III.

Мадрид е градот кој со гордост кажува дека…никогаш не спие. Тој е град кој со својата енергија испраќа едноставна порака, дека е град кој навистина знае како да живее.

Напиши коментар