Пробајте ги овие мафини. Одлични се за децата, за вас и за партнерот. Уживајте во прекрасниот мирис и вкус.
Потребни состојки:
– 250 гр брашно
– 100 гр шеќер
– 70 гр путер
– 250 мл јогурт
– 2 јајца
– 1 кесичка прашок за пециво
– 1 ванилин шеќер
– 100 гр киндер чоколада
– 100 гр чоколада за декорација
Подготовка:
Изматете го путерот со шеќерот и ванилиниот шеќер. Потоа додајте ги јајцата и убаво измешајте. Додајте го брашното со пецивото, а потоа и јогуртот. На крај додајте ја чоколадата искршена на парчиња. Наполнете ги хартиените калапчиња за печење но не целосно, доволно е само 2/3 од калапчињата да бидат полни. Оставете да нараснат при печењето. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути. На пареа истопете уште 100 гр киндер чоколада и посипете ги одозгора мафините.
