Мојата кујна

Мафини со киндер чоколада

Пробајте ги овие мафини. Одлични се за децата, за вас и за партнерот. Уживајте во прекрасниот мирис и вкус.

Потребни состојки:

–      250 гр брашно

–      100 гр шеќер

–      70 гр путер

–      250 мл јогурт

–      2 јајца

–      1 кесичка прашок за пециво

–      1 ванилин шеќер

–      100 гр киндер чоколада

–      100 гр чоколада за декорација

Подготовка:

Изматете го путерот со шеќерот и ванилиниот шеќер. Потоа додајте ги јајцата и убаво измешајте. Додајте го брашното со пецивото, а потоа и јогуртот. На крај додајте ја чоколадата искршена на парчиња. Наполнете ги хартиените калапчиња за печење но не целосно, доволно е само 2/3 од калапчињата да бидат полни. Оставете да нараснат при печењето. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути. На пареа истопете уште 100 гр киндер чоколада и посипете ги одозгора мафините.

Напиши коментар