Мојата кујна

Мафини со спанаќ

Подгответе мафини, но овој пат во срцевидна форма и со зелена боја

Потребни состојки:

–      4 јајца

–      100 мл масло за готвење

–      ½ лажичка сол

–      300 гр пченкарно брашно тип 550

–      1 пециво

–      100 мл млеко

–      200 гр исецкан спанаќ

Подготовка:

Пенесто изматете ги јајцата и додајте го маслото и солта. Потоа додадете го брашното и пецивото, и на крајот додајте го спанаќот. Ставете го млекото и убаво измешајте. Спремната смеса сипете ја во хартиени корпи кои претходно сте ги ставиле во плех со калапи за мафини. Печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 25 минути.

Напиши коментар