Убавина

Магичната моќ на чаевите

Лошите навики во исхраната оставаат траги на нашиот организам, но постојат намирници кои може да ни помогнат да ги минимизираме негативните последици. На прво место секако се чаевите, кои имаат вистинска лековита моќ и се мелем за нашиот организам.

Зелен чај: Допринесува за исфрлање на вишокот течности од организмот, добар е за оние кои се на диета и е одличен за намалување на целулитот. Освен тоа, овој чај е полн со антиоксиданси и помага да се ослободиме од уморот.

Лимон: Чајот од лимон и лимонадата се одлични за детоксификација, за подигнување на имунитетот и за враќање на свежината на нашата кожа.

Коприва: Чајот од листови и корен од коприва ја чисти крвта, ја подобрува работата на црниот дроб, ги намалува маснотиите во крва и ја подобрува циркулацијата.

Ѓумбир: Оваа билка го забрзува метаболизмот и го подобрува варењето и функционирањето на белите дробови и слезинката, а исто така ја смирува главоболката и го забрзува процесот на детоксификација.

Магдонос: Магдоносот е одличен за исфрлање на отровите од телото, за чистење на организмот и за намалување на маснотиите и холестеролот во крвта.

Напиши коментар