Мода

Маички и кошули кои ќе нé освојат оваа Пролет…

Пролетта е на прагот. Со нејзиното доаѓање се будат и луѓето и природата, но и боите во нашите ормари.

Пролетта е и идеална прилика да се решиме од многубројните слоеви облека кои нé штитеа од студови и да ја нагласиме нашата женственост. Едно од главните парчиња гардероба се маичките со кои ја комбинираме останатата облека.

Со оглед дека цвеќето ја симболизира Пролетта, маичките со цветни принтови ќе бидат неизоставен моден „предмет“, како и тенките и проѕирни кошули кои се вистинско задоволство во комбинација со тивкиот пролетен ветер. Во големиот асортиман има за секого по нешто. Станува збор за атрактивни, носиви и поволни парчиња, што е одличен изговор, да го зголемите бројот на маички и кошули во Вашите ормари…

Ви ги нудиме најубавите од нив !

Напиши коментар