Здраво тело

Мајчината душичка лечи нервоза

Оваа билка е составена од огромен број на лековити состојки. Благотворно делува на нервниот систем, опушта и ја смирува напнатоста и нервозата, при тоа овозможувајќи мирен сон. Мајчината душичка содржи танин, горчлива супстанца, етарско масло и феноини споеви.

Свежо подготвениот чај од оваа билка може да го засладите со малку мед и лимонов сок, и да се опуштите во ефектот.

Купката од мајчина душичка исто така има смирувачки ефект. Наполнете ја кадата со топла вода, а потоа ставете еден литар чај од мајчина душичка. По оваа купка напнатоста ќе исчезне и ќе уживате во денот.

Напиши коментар