Motherhood

Мајчинската љубов спречува болести!!!

Негата и љубовта која детето ќе ја добие од својата мајка во раното детство го намалува ризикот од дијабетес и болестите на срце на постара возраст, тврдат научниците од универзитетот Brandeis  во Бостон, САД.

Во истражувањето учествувале над 1000 луѓе во средни години (над 40годишна возраст). Тие морале да одговорат на прашањето колку нивната мајка имала разбирање за нивните проблеми, и колку таа им била вистински пријател во нивната најмала возраст.

Десет години подоцна односно во 2011 година над 70 проценти од испитаниците имале метаболички синдром, еден од главните ризик фактори за болести на срцето, мозочни удари и дијабетес. Тие биле оние личности кои на прашањето за близината со нивната мајка одговориле дека таа била на многу ниско ниво дури и никаква.

„Фактот дека можеме да видиме долгорочни реакции на среќно детство е прилично фасцинантен. Биолошките остатоци од нашето детство не следат цел живот“ истакнува професорката по психологија Margie Lachman.

Авторите на студијата сугерираат дека се работи за комбинација на емпатија, учењето на децата како да се справат со стресот и охрабрување на здрав начин на живот.

Напиши коментар