ШоуБиз

Мајката на Whitney ќе пишува книга за животот на ќерка си!

Поради почестите и не така позитивни коментари за ненадејно починатата Whitney Houston, нејзината мајка Sissy Houston одлучила да ја напише вистината за животот на нејзината ќерка.

Мајката е веќе во преговори со една издавачка куќа, а книгата треба да биде објавена до крајот на оваа или почетокот на следната година, кога ќе се наврши точно една година од смртта на пејачката.

–          Во книгата ќе има и добри, но и лоши страни. Многу лаги се кажуваат за Whitney, a јас ќе се обидам да ја кажам целата вистина колку и да е таа лоша, – му кажала мајката на издавачот, кој засега останува анонимен.

Sissy веќе има искуство во пишување. Таа во 1998 година ги објави мемоарите со наслов „How Sweet the Sound“.

Напиши коментар