Motherhood

Мајки … Не заборавајте ги Вашите стари другарки !!!

Сигурно ќе се сетите на лудите излегувања, бескрајните разговори на секакви теми и Вашата константна насмевка на лицето…

Сега, кога сте мајки, невозможно е да ги поминувате истите работи, или барем да одвојувате повеќе време за старите другарки. Но, доколку сакате… ако во животот оставате многу малку време за старите пријателства, време е за промена…. Еве зошто:

1. Мажите не се наши другарки

Да. Прекрасни се. Тие се наши сопрузи, татковци на нашите деца, љубовници и пријатели. Оние кои ги поправаат предметите по дома и прават да се чувствуваме сигурно. Но припаѓаат на сосема друга категорија. Тие исполнуваат важни потреби од нашиот живот, но не ги исполнуваат сите наши потреби. Не постои маж на светот што би можел да го замени старото, добро другарство.

2.Другарките се витални

Тие имаат разбирање и кога сме лошо расположени и кога сме тажни и кога сакаме чоколада. На вистинските другарки дури „ нозете им паѓаат “ правејќи друштво во омилените продавници за шопинг. Се појавуваат во вистински момент, носат лек ако сме болни и не сослушуваат во врска со проблемите на нашите деца.

3.Најдете време, планирајте заеднички собири

Доколку ги занемаривте виталните односи со Вапите другарки, не е доцна да почнете одново. Побарајте ги, дознајте каде живеат, побарајте ги на работа, изненадете ги. Јавете им се на старите школски другарки, организирајте некој собир. Разговарајте за истите теми, сепак сите жени имаат исти проблеми. Одете на ручек, кафе, вечера…

Вложете време и сила да ги пронајдете, унапредите и оддржите контактите со групата пријатели. Овој труд сигурно ќе Ви се исплати бидејќи задоволството  се зголемува како што годините поминуваат. Во добро и зло, покрај децата, предностите од дружењето ќе ги почувствувате во Вашето срце и расположение….

Веднаш исконтактирајте со Вашите најдобри другарки… Ќе се почувствувате пресреќни !!!

Напиши коментар