ШоуБиз

Мајли Сајрус со нова “трага” од љубовта

Според странските медиуми, а секако и оваа слика која доаѓа во прилог, Мајли Сајрус си ставила нова тетоважа на својата лева рака.

Настанот се случил во неделата попладне, кога Мајли била забележана како излегува од студиото за пиросви и тетоважи по име „Studio City Tattoo“. Заедно со неа биле и неколку нејзини пријатели, меѓу кои и нејзиниот дечко Лиам Хемсфорт, за да  ѝ биде најголема поддршка.

Одлуката за тетоважа паднала на една интересна реченица која вели „Love Never Dies“ или „Љубовта никогаш не умира“, а написот ѝ се наоѓа на надлактицата, од внатрешната страна на раката. Па, можеби целото ова клише не е само за внимание, можеби навистина има значење за Сајрус.

Напиши коментар