Мојата кујна

Макарони со зеленчук и сланина

Потребни состојки:

200 гр. Тестенини

1 тиквичка

1 домат

2 главици бел лук

150 гр. Сланина

50 гр. Кашкавал

Сол

Босилек

Подготовка:

Макароните варете ги 15 до 20 минути. Ситно исецканата сланина ставете ја во тавче, додадете ги исецканите тиквички, излупениот и исецкан домат, белиот лук и зачините. Целата смеса пржете ја на тивок оган 15 минути.

Извадете ги макароните, исцедете ги убаво, ставете ја смесата со сланината и зеленчукот, а на крај ставете го кашкавалот. Ставете ги во рерна и потпечете ги уште 5 до 10 минути.

Напиши коментар