Убавина

Make up мудрости од визажистката на Ким Кардашијан

Ретко кој досега се нема воодушевено од тоа како изгледа Ким Кардашијан, не зборувам за нејзиното тело туку за нејзината шминка. За неа е задолжена Џојси Бонели. Ние ви ги нудиме нејзините совети за шминка.

Немој да се плашите да бидете малку подиви и да додадете малку повеќе боја, секогаш комбинирајте една темна и една светла боја на сенка за очите.

Секогаш гледајте надвор од зададените правила, обидете се да експериментирате со некои додатоци како што се вештачки трепки на пример. Менувајте ја нивната должина, облик, место на поставување така што ќе го пронајдете вистинскиот начин да изгледате многу поприродно. Не заборавајте да ги скратите на почетокот од внатрешниот агол, за да не биде премногу очигледно дека сте ставиле вештачки трепки.

Работ на усните секогаш исцртајте ги со моливче за усни за половина нијанса потемна од карминот пред да го нанесете. Така ќе добиете дефиниран изглед на полни усни.

Течната пудра секогаш покријте ја пудра во прав за да ја фиксирате. Пробајте со HD пудрите, кај нив важи принципот малку е многу, па ќе ви треба многу помала количина за да ја задржите шминката на лицето до шест часа без да се промени.

Оваа пролет трендот ни наметна руменило, па така користете многу повеќе руменило, а помалку бронзер.

Веѓите се врвот на делото, секогаш обрнувајте им внимание на веѓите. Чупајте ги, фарбајте ги по потреба, грижете се за нив зошто тие го даваат клучниот момент на вашето лице.

 

Напиши коментар